Информации за настанот

Celebrating 20 years of Open Source!

InPlayer го организира петтиот по ред InTech meetup во Скопје! Ве покануваме да го прославиме 20-тиот роденден на Open Source со комуникација и дружење на 29ти мај во MKC Club and Restaurant. Овој meetup ќе го посветиме на историјата на Open Source, со тоа што ќе споделиме успешни бизнис приказни за компании кои го користат истиот, а истакнати говорници кои со децении се заземаат за Open Source Software ќе ги споделат своите искуства и очекувања за иднината на Open Source.

jwildeboer

Jan Wildeboer

EMEA Evangelist at Red Hat

Уште откако го пронајде Linux во далечната 1993, Jan Wildeboer неуморно се бори за повеќе отвореност на секое поле, како девелопер на Open Source проекти, како лобист и како активист. Но, не станува збор само за софтвер кога зборуваме за способностите на Jan, кој исто така работи со 3D печатач дома, е транснационален офицер за имиграција и најважно познат говорник на разни конференции и настани.

visar-zejnullahu

Visar Zejnullahu

Member of Free Software Macedonia

Visar е хакер, софтвер инжинер и личност која знае да придонесе и помогне кога станува збор за равојот на IT индустријата. Член е на Слободен Софтвер Македонија. Некои од вештините со кои располага се Python, Elixir и Software Design, а својата страст за хакирање и нови технологии често ја споделува со локалниот KIKA Hacklab.

 

serdar

Serdar Doğruyol

Rubyist and Crystal Evangelist

Serdar верува во споделување на „знаењето“ и е активен член на Open Source заедницата. Долго време е Ruby-чар и штотуку стана член на тимот од програмери за јазикот Crystal. Serdar го создал и е главен програмер на популарниот Kemal Framework. Има изградено одлични тимови и мноштво проекти за турски компании, но моментално работи исклучиво од дома. Во слободно време држи говори на интернационални конференции, вежба јапонски или пак игра компјутерски игри.

Апликација

InTech MeetUp е бесплатен настан, за да присуствувате потребно е само да ја пополните оваа форма. Местата се ограничени, апликацијата ќе биде затворена кога бројот на учесници ќе го достигне лимитот.


Апликација

InTech MeetUp е бесплатен настан, за да присуствувате потребно е само да ја пополните оваа форма. Местата се ограничени, апликацијата ќе биде затворена кога бројот на учесници ќе го достигне лимитот.